В петок, на 13 март 2020 година, со почеток во 9 ч. Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 37. редовна седница. На дневен ред се 13 точки:

  1. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2019 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2019 година
  2. Програма на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за организација и изведување на екскурзија за учениците од прво, трето, шесто и деветто одделение и Програма за настава во природа за учениците од петто одделение за учебната 2019/20 година
  3. Програми за организирање и изведување ученички екскурзии во ООУ „Крсте Мисирков“ – Кочани, за учебната 2019/20 година
  4. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2019 година
  5. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 1.1.2019 година до 31.12.2019 година
  6. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2019 година
  7. Одлука за распоредување на нето добивката остварена во годишната сметка  деловната 2019 година
  8. Извештај за реализацијата на Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Кочани за 2019 година
  9. Извештај за реализацијата на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2019 година
  10. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација  во општина Кочани во 2019 година
  11. Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на системите за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2019 година
  12. Завршна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година
  13. Годишен извештај на Општина Кочани за 2019 година.