Населението во Кочани и Кочанско покажува различна динамика како во однос на вкупното движење така и врз структурните промени и пространата разместеност. На тоа влијаеле повеќе фактори, а посебно општествено-економските услови, потоа промените во етничката структура, природно-географските специфичности, миграционите движења и др.

Општина Кочани зафаќа површина од 382 квадратни километри.

Бројот на населението во Кочани низ историјата:

1570/73 год. – 8950 жители во Општина Кочани, 860 во град Кочани
1900 год. – 22928 жители во Општина Кочани, 5959 во град Кочани
1948 год. – 29100 жители во Општина Кочани, 6657 во град Кочани
1961 год. – 38136 жители во Општина Кочани, 11011 во град Кочани
1971 год. – 43820 жители во Општина Кочани, 17237 во град Кочани
1981 год. – 47992 жители во Општина Кочани, 23378 во град Кочани
1991 год. – 50029 жители во Општина Кочани, 27236 во град Кочани
2002 год. – 38092 жители во Општина Кочани, 28330 во град Кочани

2021 год.  –  31 602 жители во Општина Кочани (Попис 2021 година, извор: Државен завод за статистика):

Од вкупниот број резидентни жители, 15 977 се жени и 15 625 се мажи.

Во Кочани има 12 006 домаќинства и 18 451 стан.

Население според етничката припадност

Македонци – 85 %
Роми – 6 %
Власи – 0,5 %
Турци –  0,4 %
Срби – 0,11 %
Други – 0,43 %