СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Советот на општина Кочани е претставнички орган на граѓаните. Советот го сочинуваат 19 претставници  на граѓаните, избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Мандатот на членовите на советот трае четири години.  Советот избира претседател од редот на членовите на советот со мандат од четири години. Претседателот на советот ги свикува и раководи со седниците на советот, се грижи за организација и работа на советот и ги потпишува прописите што ги донел советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.

НАДЛЕЖНОСТИ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

  1. Го донесува статутот на општините и други прописи.
  2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината.
  3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината во рамките утврдени со закон.
  4. Основна јавни служби во рамките на надлежноста на општините и врши надзор над нивните работи.
  5. Именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа.
  6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавни служби кои ги основала општината.
  7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишна сметка на општината.
  8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење,во согласност со закон.
  9. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби,кои ги основала општината.
  10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината.
  11. Одлучува за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон.
  12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината.во согласност со закон.
  13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на општината,кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител.
  14. Може да дава препораки на раководно лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавна безбедност и безбедност во сообракајот и
  15. Врши други работи утврдени со закон.

(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот(1)точките(7) и(9) на овој член,може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиско работење пред надлежниот орган за надзор.

(3) Раководното лице од ставот(1)точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинството од сите совети на општините, кои ги опфака подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Седниците на советот се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на 3 месеци.  Седниците ги свикува претседателот на советот на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или на барање од најмалку 1/4 од членовите на советот најдоцна во рок од 15 дена од денот на неговото поднесување.