Иако грејната сезона не е во полн ек, предизвикувањето пожар во контејнерите за смет станува сè почеста појава.

– Минатиот месец Територијалната противпоажана единица интервенираше четири пати на пожар во контејнери – соопшти командирот Дејанчо Арсов. Од тие причини, порачуваме граѓаните да бидат претпазливи при исфрлањето на видот на сметот во контејнерите. Пожар од навидум незначителни размери, може да предизвика големи последици – додаде Арсов.

Раководителката на Одделението за комунални работи во Општина Кочани, Дивна Цековска ја потсети јавноста дека е забрането исфрлањето на пепел, жар и други запаливи материи во садовите за собирање на смет, поставени на јавните прометни површини.

– Палењето и уништувањето на контејнерите е казниво според членот 14-а од Законот за јавна чистота. Затоа ги повикуваме граѓаните да се однесуваат совесно кон јавната опрема и да не ја загрозуваат околината, рече Цековска.

Според Законот, глобата за предизвикување оган во контејнер е во денарска противвредност од 200 евра.