На крајот на учебната година, организаторите на училишните лиги во ракомет и мал фудбал, ги прогласија победниците и ги доделија наградите на најуспешните.

Екипно во мал фудбал, првото место го освои тимот на училиштето „Никола Карев“, а второто – „Раде Кратовче“. Трети беа фудбалерите на „Св. Кирил и Методиј“. За најдобар фудбалер беше прогласен Илија Христовски од екипата на „Никола Карев“, а за најдобар голман – Стефан Ковачевиќ – од „Раде Кратовче“.

Училишната лига во ракомет стартуваше првпат. Најуспешна беше екипата на „Св. Кирил и Методиј“, второто место го освои „Раде Кратовче“, а третото – „Никола Карев“.

Признание за најдобар ракометар доби Марко Илиевски од „Св. Кирил и Методиј“.

Наградите на најуспешните ги додели раководителката на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, Голубинка Георгиева, која се заблагодари на сите учесници во училишните лиги и го истакна значењето на училишниот спорт во развојот на младата популација.