Општина Кочани објави оглас на ЕСЈН во дел Други огласи, за доделување на договор за јавна набавка на услуга, за предмет :
Набавка на услуга за организација на зимување на СРЦ Пониква
Имено, Општина Кочани и град Крижевци веќе трета година организираат летување и зимување на ученици првенци на генерациите од овие две општини. На учениците првенци на генерацијата од нашата општина во летниот период им се организира летување во детското одмаралиште на град Крижевци во остров Паг, Р.Хрватска на сметка на град Крижевци, додека Општина Кочани во зимскиот период организира зимување во Спортско Рекреативниот Центар Пониква во Кочани на учениците од град Крижевци, на сметка на Општина Кочани.

Дополнителни информации во врска со спроведувањето на постапката може да добиете на

моб.тел. 072/275-637 – Силвана Благонова