Договорниот орган – Општина Кочани објави оглас на ЕСЈН за доделување на договор за јавна набавка со спроведување на постапка со Барање за прибирање на понуди (постапка до 5000 евра), која постапка се спроведува во хартиена форма и завршува со е-Аукција како последна фаза во постапката за доделувањето на договорот за јавната набавка , за предмет :
Набавка на ситен инвентар и материјали за разни поправки

Отворањето на понудите не е јавно, а истите можат да се достават до 10.09.2015 г. во 12:00 часот.

Увид во тендерската документација заинтересираните економски оператори можат да извршат на интернет адресата на Општина Кочани: www.kocani.gov.mk

Дополнителни информации во врска со спроведувањето на постапката може да добиете на моб.тел. 072/306-083 –Татјана Крстова.