На преминот од 2020 во 2021 година, Кочани имаше мирна новогодишна ноќ.

Градоначалникот Николчо Илијев, на првиот ден од 2021 година ги посети дежурните служби: Одделението за внатрешни работи, Територијалната противпожарна единица, Општа болница со проширена дејност и КЈП „Водовод“, каде се информираше за преземаните активности и интервенции.

Поради здравствената криза и повиците за одговорно празнување, во Одделението за внатрешни работи – Кочани истакнаа дека апелите на Владата и на Министерството за внатрешни работи дадоа резултат. Одговорните истакнаа дека граѓаните биле совесни и се воздржале од традиционалните новогодишни прослави.

Без интервенции и проблеми ноќта ја минале и службите од Територијалната противпожарна единица, Општа болница и КЈП „Водовод“.

Градоначалникот Илијев посака Новата 2021 година да донесе здравје, сплотеност, успеси и остварени цели.