Денеска, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ќе го посети Кочани.

Во 11.15 ч. во клонот 4 во Детската градинка „Павлина Велјанова“, министерот Спасов и градоначалникот Ратко Димитровски ќе го пуштат во употреба Дневниот центар за деца со посебни потреби.

Во 12 ч. во Здружението на пензионери во Кочани ќе биде презентиран проектот Регионален дом за стари лица, а во 12.40 ч. ќе го посетат објектот на градинката во Оризари, којшто е во фаза на градба.