Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и на Сојузот за училишни спортови – Кочани, во Спортската сала „Никола Карев“ се одржаа државните натпревари во футсал за девојчињата од основното образование.

Настанот го поздрави претседателот на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Александар Туфекчиевски, а првенството за отворено го прогласи градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Освен домаќинот – екипата на „Никола Карев“ на првенството учествуваа и тимовите на „Коле Канински“ од Битола, „Бајрам Шабани“ од Куманово и „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

Со победата во финалниот натпревар девојчињата од Битола станаа државни шампиони за основните училишта во футсал во женска конкуренција, совладувајќи ја екипата на „Бајрам Шабани“ со 3:2.

Во борбата за третото место „Никола Карев“ загуби од „Браќа Миладиновци“ со резултат 2:3.