Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2016“ в недела, на 16 октомври, во 12:30 ч. во Паркот на Револуцијата концертно доживување ќе приреди групата „Љубојна“ придружувана од Џамбо Агушев.

Претходно, на нива на Грдовски Пат ќе се прикажат обичаите зажнејување и вршидба, а во Паркот на Револуцијата урбаните заедници со етноелементи ќе прикажат дел од традицијата во оризарството и од минатото на Кочани.