Вечерва, со почеток во 20 ч. на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Вива стрингс“ од Скопје.

„Вива стрингс“ е класичен камерен состав од две виолини, виола и виолончело. Неговите членови, Елена Талевска, Симон Поповски, Дубравка Зајкова и Дејан Теодосиевски се академски музичари, вработени и членови на оркестарот на Македонската филхармонија.

На концертот во Кочани ќе бидат изведени популарни музички теми од Мајкл Џексон, Мадона, Ерик Клептон, АББА, Елтон Џон, Стинг, Роби Вилијамс, Боб Марли и др. Аранжманите на композициите се специјално изработени за „Вива Стрингс“.

Концертот е содржина од втората етапа на манифестацијата „Топол културен бран“ во Кочани.