Конкурс за учество во Изборот на жетварска убавица 2015
По повод 24 манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2015“, Општина Кочани распиша к о н к у р с за жетварска убавица.

На конкурсот може да се пријави секоја девојка од општина Кочани со наполнети 15 години, со предиспозиции за убавина, креативност, комуникација и претставителност.

Изборот на жетварска убавица е значајна културна содржина од манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ и претставува уникатен уметнички перформанс на кој е чест да се учествува.

За учесниците и победниците на изборот, Градоначалникот и бизнис секторот ќе обезбедат пригодни подароци.

Девојките ќе бидат облечени во креации подготвени специјално за таа пригода.

Пријавувањето за избор на жетварска убавица трае од 9 до 18 септември 2015 година.

Контакт телефон: 033/274-001; 072-275-632 кај Ленче Карова – Општина Кочани или на меил: l.karova@kocani.gov.mk