Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, во своето обраќање пред присутните го истакна значењето на претпријатието кое обезбедувајќи вода, управувајќи со отпадот и уредувајќи го зеленилото, во значајна мера управува со квалитетот на животот во Кочани.

Посебна благодарност беше упатена до владите на Франција, Австрија и Швајцарија како најголеми донатори во подобрувањето на квалитетот на живеењето преку водоснабдувањето, користењето и третманот на отпадните води, а амбасадорите на Франција и на Швајцарија, Кристијан Тимоние и Сибиле Сутер Тејада примија благодарници.

На свеченоста беа доделени признанија на сите досегашни директори на кочанското комунално претпријатие.

На настанот беше презентиран и најуспешниот труд од одржаниот натпревар на тема „Важност и предизвици на третманот на отпадните води“, а „Водовод“ ги награди и најуспешните училишни средношколски тимови од овој натпревар.