Во насока на спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 15 јули 2020 година, Државната изборна комисија има обврска да ги едуцира и информира гласачите за нивните гласачки права.

Во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред“ има и патувачки караван,  кој ќе ја посети нашата општина в четврток, на 2 јули од 9 до 17 ч.

Брендирано комбе ќе биде паркирано на јавен, фреквентен простор, од каде граѓаните ќе може да добијат информативни и едукативни материјали од кампањата.