Имајки во предвид дека Градот Кочани е еден од најпосакуваните места за живеење во Република Македонија, а со цел и во иднина Градот Кочани и нселените места да бидат почисти и уште поубави места за живеење, Општина Кочани заедно со КЈП„Водовод“- Кочани ги известува граѓаните и правните лица во Општина Кочани дека на организиран начин во деновите 24 и 25 Август 2017 година(четврток и петок), ќе можат да одлагаат отпад ( бела техника,стар мебел и сличен отпад со поголема зафатнина, кои не ги користат и не им се потребни) до контејнерите на следните локации:

1. Спомен дом „АСНОМ “ – Кочани

2. Ул.„Скопска“ ( панаѓур)

3. Железничка станица

Граѓаните кои имаат отпад со поголема зафатнина можат да се јават на следните телефонски броеви во КЈП Водовод- Кочани: 076-362-680 и 071-215-235, за да истиот биде подигнат од страна на КЈП„Водовод“- Кочани и транспортиран до Градската депонија.