Поради одржувањето на традиционалниот Кочански панаѓур, од 21 до 25 октомври Полициската станица – Кочани воведе времена измена на режимот и на условите на сообраќајот на улиците „Скопска“ и „4 Македонска бригада“.
Изменет режим на сообраќајот за време на традиционалниот Кочански панаѓур
Улицата „4 Македонска бригада“ и крстосницата на улицата „Скопска“ со улицата „4 Македонска бригада“ ќе бидат исклучиво за движење на пешаци, а сообраќајот за сите возила ќе биде пренасочен по околните улици.

Заради безбедно одвивање на сообраќајот, изменет режим ќе има и на улицата „Охридска“, на која сообраќајот ќе се одвива во еден правец и тоа север-југ.