Од 28 декември 2017 г. стапи на сила измената во сообраќајниот режим на „Кеј на Револуцијата“ и „Тодосија Паунов“, со која сообраќајот се одвива двонасочно на потегот од мостот кај Шопинг-центарот до Кружниот тек.

За оваа измена Општина Кочани доби согласност од Секторот за внатрешни работи, а дојде како резултат на реакциите на граѓаните поради сообраќајниот метеж на неколку точки во централното градско подрачје.

Во постапката за измена на режимот се вклучени стручни служби од МВР, Полициската станица – Кочани и надлежните за безбедност во сообраќајот.