В петок, на 29 јануари во 19 ч. во хотелот „Национал“ во Кочани ќе се одржи манифестацијата „Избор на спортист за 2015 година“.

За најуспешните во кочанскиот спорт неделава гласаа новинарите од локалните медиуми и претставникот на Општинскиот сојуз на спортови.

Според нив, највисокото признание за 2015 година ќе му биде доделено на Мартин Стојменов, каратист од КК „Партизан“, втор на Балканското првенство во карате во 2015 година.

На манифестацијата ќе бидат доделени наградите за најуспешна спортска екипа, спортски работник, тренер и млади спортски надеж.