Од денеска до 8 април, Општина Кочани во соработка со неколку ромски здруженија започна да ја реализира Програмата за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите.

Во рамките на активностите планирани се запознавања со ромската култура за учениците од основните училишта, активност што го организира Здружението „Подготви го својот пат“. В среда, 4 април, од 11 ч. во Спортската сала „Никола Карев“ Здружението на Роми „Авена“ ќе организира и турнир за основци во мал фудбал.

В среда, во 10:30 ч. во Спорткста сала „Никола Карев“ ќе биде приредена програма од проектот „Инклузија на деца Роми во градинките“ со големите групи од Детската градинка „Павлина Велјанова“.

В четврток во 9:30 ч. градоначалникот Николчо Илијев ќе прими делегација од ромски граѓански активисти.

Во одбележувањето на Светскиот ден на Ромите се вклучува и Здружението „Светла иднина“ кое в среда во Паркот на Револуцијата организира изложба на традиционални занаети и јадења за ромската заедница и културно-уметничка програма на која ќе настапат фолклорни, музички и ритмички состави од Кочани.

На 5 април, во 18 ч. во ресторанот „Але-дар“ ќе бидат промовирани значајни достигнувања на Роми во различни области.