Триста шеесет и пет првачиња го започнаа основното образование во петте општински училишта во Кочани. Од нив 43 првачиња ќе учат во подрачните училишта во селата Нивичани, Грдовци, Тркање, Подлог, Бели и Прибачево.

На највозбудливиот школски ден со првачињата ОУ „Малина Попиванова“ беше градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски. Пред првата прозивка тој им посака многу успех во учењето и побара да бидат одговорни и совесни ученици.

Директорот на „Малина Попиванова“, Ивица Цимбаљевиќ ги повика родителите да соработуваат со училиштето, зашто само така ќе се бележат добри резултати.

Во двете средни училишта во Кочани образованието го започнуваат вкупно 405 средношколци, од кои 242 во техничкото училиште „Гошо Викентиев“, а 163 во СОУ „Љупчо Сантов“.

Според градоначалникот Димитровски, училиштата технички и кадровски подготвено ја почнуваат новата учебна година.