Денеска во официјална посета на Општина Кочани беше заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов.

На средбата со градоначалникот Ратко Димитровски разговараа за односите помеѓу единиците на локална самоуправа и ресорното Министерство.

Посебен акцент беше ставен на проектите коишто Општина Кочани ги аплицираше до Бирото за рамномерен регионален развој.

Градоначалникот Димитровски побара поддршка од Министерството за локална самоуправа за осумте проекти што ги подготвува Општина Кочани по повикот од Програмата за прекугранична соработка, којшто е отворен до 25 јануари 2016 година, на кој покрај Општината можат да учествуваат и невладините организации, училиштата и градинките од Кочани.

Кабинет на Градоначалникот