В петок, на 29 јуни 2018 г. во ресторанот „Амор“ во Кочани ќе се одржи завршната прес-конференција од проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“.

На прес-конференцијата ќе говорат претставници од Центарот за развој на Источниот плански регион, од Обласната администрација во Благоевград и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Постигнатите резултатите од проектот ќе ги презентира Денис Жерновски, тим-лидер на проектот.

Проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ е финансиран од Интерег ИПА-програмата, преку Центарот за развој на Источниот плански регион како водечки партнер во партнерство со Обласната администрација Благоевград. Освен општинската зграда во Кочани, овој проект опфати и реконструкција на обласната зграда во Благоевград. Зградите ја подобрија енергетската ефикасност преку реализирани градежни активности. Вредноста на проектот изнесуваше 398 илјади евра.

Настанот ќе започне во 11 ч.