Во првoто пријавување од првиот уписен рок во средните училишта, во Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани се пријавиле вкупно 223 ученици во сообраќајната, електро и машинската струка.

Во СОУ „Љупчо Сантов“, 87 ученици избрале гимназиска и 83 – економска струка.

Оваа учебна година во основните училишта во Кочани 316 ученици завршија деветто одделение, а од училиштата од Зрновци и Чешиново Облешево уште деведесетина. СОУ „Гошо Викентиев“ за идната учебна година нуди места за 340 нови ученици, а „Љупчо Сантов“ за 272 ученика.

Првиот ден од уписите градоначалникот Ратко Димитровски ги посети и двете училишта и ги повика идните средношколци да ги изберат струките што се нудат во нив.

Второто пријавување од првиот уписен рок е на 29 јуни, а вториот уписен рок е во август.