Во периодот од 18 до 28 јуни 2020 година, ул. „Кирил и Методи“ во Кочани, на потегот од ул. „14 Бригада“ кон Варница ќе биде непроодна за сообраќај поради поставување фекална и атмосферска канализација.

Учесниците во сообраќајот е потребно да ги користат алтернативните сообраќајници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.