По десетдневни натпреварувања, синоќа (15 јули 2018 г.), со одигрувањето на финалните натпревари заврши Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Победник на турнирот е екипата на „Деликатес“ која во финалето, по изедначен резултат 1:1, на пенали, со 4:3 го совлада тимот на „Филип интернационал“.

Третото место го освои „Уни паб“, кој ја победи екипата на „Клариса Балкан“ со резултат 4:1.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Никола Јовановски, а за најдобар играч – Дарко Ранкотев.

Турнирот го прогласи за завршен градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој им се заблагодари за учеството и поддршката на сите учесници, на судиите, делегатите и на публиката и посака следниот турнир да биде уште помасовен и поуспешен.