Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Општина Кочани, в понеделник на 11 јули, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи Духовна академија, на која со црковни содржини и уметнички творби ќе биде истакнато значењето на патрониот празник на градот.

Во рамките на програмата ќе настапат машкиот црковен хор „Хармосини“ од Скопје, црковните хорови при Лесновниот манастир и храмот „Св. Климен“ од Штип и групата „Ѓердани“ од Штип која ќе исполни етно и духовна музика.

Духовната академија ќе започне во 18:30 ч.