Општина Кочани го објави конкурсот за стипендија за спортист-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2019 година.

Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата се доделува за време од шест месеци, во текот на 2020 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани за 2020 година.

Право на стипендија имаат кандидатите кои се жители на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години и се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт. За стипендијата може да конкурираат членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем-натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на Националната спортска федерација. Исто така, во конкуренција влегуваат и спортисти во екипни спортови врз основа на составот на репрезентациите до 20 години според утврдена ранг-листа на најуспешните  млади спортисти  до 20 години од соодветниот спорт, подготвени од страна на националните спортски  федерации, како и учесници на национални или меѓународни систем-натпревари во: борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка (машка и женска), скијање, тенис, триатлон, фудбал (машки и женски) и шах.

Критериумите за бодување и потребната документација за конкурирање се опишани во целосната објава на веб-страницата на Општина Кочани.

Рокот за пријавување е до 24 јануари 2020 година. Пријавата и потребната документација се доставуваат до Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса на Општината.