Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го потпиша договорот со Амбасадата на Сојузна Република Германија за реализација на донација за Детската градинка „Павлина Велјанова“.

– Станува збор за договор за примање донација за опремување на две занимални во Градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани. Донацијата е од Сојузна Република Германија по барање за финансиска поддршка за реализација на мал проект и е во вредност од 284 905 денари, соопшти градоначалникот Димитровски.

Со овие средства ќе се набават 18 масички, 50 столчиња и 50 креветчиња и ќе се стават во функција уште две простории во Детската градинка, со што ќе создадат услови за зголемување на опфатот на децата во кочанската предучилишна установа.