а колегиумот што се одржа во Општина Кочани, градоначалникот Ратко Димитровски ја врачи одлуката со која за најуспешен пожарникар за 2014 година е прогласен Томислав Димитров.

Димитров покажал голема пожртвуваност и несебичност во извршувањето на своите обврски, во гасењето на пожарите и спасувањето на човечките животи и материјалните добра.

Традиционално, Димитров за награда доби телевизиски приемник.

Следејќи ја практиката што Општината ја воведе од лани, градоначалникот Димитровски ја додели и наградата за најдобар општински службеник на раководителката на Секторот за правни и општи работи и јавни дејности, Милка Александрова.

– Прогласувањето за најуспешен службеник значи залагање и посветеност на работните задачи што може да служи за пример, рече Димитровски, врачувајќи ѝ ја одлуката на Александрова, која го заокружува својот работен век.