Делегација од градот Кочарли од Република Турција, предводена од градоначалникот Мутлу Озтурк ја посети Општина Кочани.

На официјалната средба со претседателот на Советот, Јордан Димитров и со секретарот на Општина Кочани, Петар Апостолов беа разменети мислења за можностите за соработка меѓу двете општини.

– Задоволство ми е што можеме да започнеме соработка со Општина Кочани. Со нас во Кочани е фолклорно друштво од Кочарли, така што пријателството ќе појде преку културата. Нашата општина е претежно земјоделска и е позната по производство на ф’стаци. Имајќи предвид дека и Кочани е аграрен крај, се надевам дека ќе имаме можност да изградиме убава соработка меѓу општините и народот – рече градоначалникот на Кочарли, Мутлу Озтурк.

Претседателот на Советот, Јордан Димитров ја претстави Општина Кочани со карактеристиките и можностите за соработка на економски, културен и спортски план, а гостите посетија и дел од рекреативно-туристичките капацитети во Кочани.