25.11.2015.

Градоначалникот Ратко Димитровски со претставници од Општина Кочани и директорките ОУ „Крсте Мисирков“ и на Детската градинка „Павлина Велјанова“, Катерина Михајлоска и Лидија Серафимова денеска направија увид во текот на активностите на двата капитални проекти што се реализираат во Оризари, училишната спортска сала и градинката.

– Забележуваме дека работите се на самиот крај, веќе е пристигната опремата за градинката од Министерството за труд и социјална политика и останува монтажата на елементите. Работите ќе бидат завршени до крајот на годината – соопшти градоначалникот Димитровски.

И изградбата на спортската сала е во завршна фаза.

– Се поставува парното греење, донесени се материјали за поставување на подот. Очекуваме до крајот на декември да биде завршена и по формалностите околу техничкиот прием ќе биде пуштена во употреба. Се надеваме дека во второто полугодие, учениците ќе ја користат – додаде Димитровски.