Од понеделник, 5 ноември, па во наредниот период од една година, ќе се врши општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани.

Превозот ќе го изведува Трговското друштво „Тасим компанија“ од Оризари, на релацијата од селото Оризари – Усова Чешма – Бавчалук – спој на улиците „Бел камен“ со „Страшо Ербапче“ до Лесна индустрија.

Со возниот ред се планирани четири поаѓања, во 7:45 ч., 9:45 ч., 11:45 ч. и 15:45 ч. Заради детално информирање на корисниците на јавниот превоз, во целост го објавуваме возниот ред.

 

ВОЗЕН РЕД