Во пресрет на Петровден, на Пониква на Осоговските Планини се одржува традиционална средба на Власите од Македонија насловена „На Петровден сите на планина“.

На средбата присуствуваат посетители од цела Македонија и странство, а настапуваат пејачки групи, солисти и фолклорни ансамбли од Македонија.

Организатор на настанот е влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје, со поддршка на Општина Кочани.