В петок, на 3 април, во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар ќе се одржи Третата вечер на македонскиот афоризам во Кочани.

Во организација на Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија (АРМ), ќе настапат афористичари од повеќе градови од Македонија: Миле Ѓорѓијоски, Јане Атанасов, Ристо Филчевски, Ацо Ѓорѓиев, Димитар Илиев-Вилазорски, Мичо Атанасиу, Марјан Ангеловски и др.

Годинава, првпат ќе се доделат награди за најуспешните афоризми кои пристигнаа на конкурсот на тема „Лага,шега…“.

Жирито во состав Јане Атанасов, афористичар од Кочани, Доне Донев професор по литература од Кочани и Ристо Филчевски, афористичар од Струмица, ги награди со прва, втора и трета награда: Витомир Долински од Струга, Ѓорги Хаџивасков од Скопје и Васил Толевски од Скопје. Специјалната награда ќе ѝ биде врачена на Наташа Ќурчиска од Пехчево.

Настанот се организира со финансиска поддршка од Општина Кочани.