Вечерва, со почеток од 19 ч. на игралиштето кај Гимназијата „Љупчо Сантов“ се играат првите осминафинални натпревари од Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Први настапуваат екипите на Декликатес и Екстра фунги, од 20 ч. – Уни паб и ФК Спортисти, од 21 ч. играат Шери казино и Грга транс, а од 22 ч. – Мега спорт и Фабијан.

Следните осминафинални парови ќе играат утре, 11 јули, во истиот термин, откако ќе се знаат конечните резултати од вечерашниве два заостанати натпревари.

Синоќа, од натпреварите одиграни на Спортско игралиште кај Гимназијата се постигнаа следните резултати:

Такси Џокер – Паблик бет & Делукс 3:0 (службен резултат)

Уни паб – Екстра фунги 6:1

Грга транс – Фабијан 2:4

Кофи хаус – Клариса Балкан 2:1

На игралиштето кај градинката на ул. „Скопска“ настапија:

Деликатес – ФК Спортисти 3:2

Ледер – Балкан лукс 0:2

Амфенол – Олимпик Даниво 0:3 (службен резултат)

Мега спорт – Шери казино 1:4

Филип интернационал : Меџик 0:3 (службен резултат).