Во рамките на Европската недела на мобилност, ЕУ Инфо-центарот и Општина Кочани и оваа година организираат велосипедско дефиле, коешто ќе се одржи в четврток, на 22 септември со почеток во 10 часот.

Дефилето ќе започне од Градскиот парк, од фонтаната во Паркот и ќе се упати кон кружниот тек на улицата „Стево Тодосиевски“, па ќе продолжи по улицата „Димитар Влахов“ кон месноста Косовка и Индустриската зона.

Понатаму, на кружниот тек во Индустриската зона велосипедското дефиле ќе се упати по улиците „Бел Камен“ и „Роза Петрова“ кон Стришани, потоа продолжува пред ОУ „Никола Карев“ и на кружниот тек ќе продолжи по ул. „Тодосие Паунов“ кон СОУ „Гошо Викентиев“ каде колоната ќе сврти и на истата улица ќе се врати во Градскиот парк.