Почитувани сограѓани,

Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, Велигден и да Ви посакам здравје, благодат, Христова љубов, спокој во секој дом.

Овој празник на вечноста нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието – да живееме во верата со добри дела.

Уверен сум дека токму ваквите големи празници го јакнат соживотот и толеранцијата меѓу луѓето, овозможуваат повеќе почитување и разбирање. Празнувајќи го Христовото воскресение, ја чуваме нашата традиција, нашето духовно културно наследство.

Нека ни е честит и вековит Велигден!

Градоначалник на Општина Кочани,

Ратко Димитровски