На крајот на 2015 година, Општина Кочани подари околу 2 400 новогодишни пакетчиња за учениците до петто одделение од основните училишта и за децата згрижени во Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Пакетчињата ги обезбеди со поддршка од претпријатијата: Авто петрол, Авто монитор, Але-дар, Амор компани, Амфенол, Антура, Венци проект, Гео карта, ГО-ДЕ, Дикос, Дрво пром, Европа 92, Ексклузив, Електрика, Еурохотел Гратче, Еуро петрол, Жито ориз КО, Јумис мебел, Калина, Компанија Моневи, Лаки ДЕ-АН, Ледер, Магнолија, Осоговка, Офис експрес, Ројал инженеринг, Стоименов, Тинекс маркет, Фалкада, Хотел национал, Шампињони, Макпрогрес, Жито маркети, Имако.

Сите претпријатија што го поддржаа доделувањето на новогодишните пакетчиња, им ја честитаат Новата година на најмладите и им посакуваат сè најубаво во неа.