Во полн ек се подготовките за Новогодишниот концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“, кој годинава ќе се одржи под мотото Волшебната ноќ.

На програмата ќе се најдат класични и популарни новогодишни рефрени што ќе ги изведат поранешни и сегашни ученици и професори во кочанското музичко училиште.

Овој новогодишен музички спектакл и годинава е во организација на Основното музичко училиште и Општина Кочани, а е под покровителство на компанијата ИНТ.

Двете вечерни претстави се закажани за 26 и 28 декември, во Центарот за култура „Бели мугри“, на чија билетарница од 10 до 16 часот се продаваат и билетите по цена од 150 денари.