Општина Кочани во соработка со Национални шуми, Подружница „Осогово“ – Кочани подготвува акција за пошумување.

Акцијата се планира да започне во текот на оваа недела и да се реализира етапно. Стручните служби од Национални шуми ќе определат неколку локации за пошумување, според кои ќе биде дефиниран бројот и видот на садниците што ќе се засадуваат.

Во акцијата за пошумување ќе биде вклучена општинската администрација, КЈП „Водовод“, училиштата и други јавни институции.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев информира дека оваа акција ќе биде придонес кон мерките што ги презема единицата на локалната самоуправа во борбата против аерозагадувањето.