СОУ „Љупчо Сантов“

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ Кочани е основано 1960 година. Со цел теоретски да се образуваат и практично да се подготвуваат економски техничари во Источна Македонија, од 1.9.1964 година, во составот на Гимназијата „Љупчо Сантов“ е воведена економска струка.
Денес, СОУ „Љупчо Сантов“ е модерна образовна институција, која нуди современа настава. Во учебната 2014/2015 година се запишани 728 ученици од кои во гимназиските паралелки 338, а во економските паралелки 390 ученици. Училиштето има 70 вработени.

Емаил: ljsantov@yahoo.com
Телефон: 078 354 862
Директор: Миле Лефков
СОУ „Гошо Викентиев“

„Гошо Викентиев“ е средно техничко училиште основано 1963 година. Во училиштето има три струки со повеќе профили: машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Во учебната 2014/2015 година во училиштето се образуваат 860 ученици во 40 паралелки и 104 вработени.

Емаил: sou_gosovikentiev@yahoo.com
Телефон: 076 376 750
Директор: Петруш Сенесов